Добредојдовте на веб страната: www.hajrulahilаw.mk
Ова се Условите за работење кои се применуваат на веб страната www.hajrulahilаw.mk.
Пред да се пристапи кон користење на услугите кои ги нудиме и овозможуваме, потребно е да се запознаете со овие одредби, бидејќи тие содржат значајни информации за Вашите права и обврски.
Сопственик на веб страната и доменот www.hajrulahilаw.mk е: Адвокат Мустафа Хајрулахи со е-маил адреса: advokathajrulahi@gmail.com, основано во согласност со законите на Република Северна Македонија.
Адвокат Мустафа Хајрулахи, во својство на сопственик на сајтот www.hajrulahilаw.mk нуди услуги за:
-Информирање на јавноста за услугите кои се нудат
-Закажување на состаноци за стручни мислења и застапување
Услугите кои Адвокат Мустафа Хајрулахи, ги нуди преку оваа веб страна не се и нема да бидат спротивни на јавниот интерес, особено заштита, истражување, откривање кривично дело и поведување на постапка по истото, вклучувајќи ја и заштитата на малолетниците и борбата против секаков вид поттикнување омраза врз основа на раса, пол, религија или на националност, и повреди на човечкото достоинство кога станува збор за индивидуални лица, како и кои не се спротивно на заштита на јавното здравје, јавната безбедност, вклучувајќи ја и заштитата на националната безбедност и одбраната и заштита на корисниците.
Давателот на услуги ќе настојува, објавените услуги и информации на www.hajrulahilaw.mk да бидат точни и ажурни.
Давателот на услуги не одговара на ниту еден Корисник на услугите или лице кое побарало услуги во смисла на овие Општи услови од Давателот на услуги, се иззема од било каква одговорност и за надоместување на било каков вид на штета и во таа смисла при користење на веб страната, Корисникот на услугите или лице кое побарало услуги во смисла на овие Општи услови од Давателот на услуги се одрекуваат од барање на било каков и/или секаков вид на надомест за штета, материјална или нематеријална.
Давателот на услуги го задржува правото да избрише текстови со несоодветни, навредливи и дискриминаторски содржини, односно содржини спротивни на Уставот на Република Северна Македонија, на задолжителните прописи и моралот.
Содржина:
- ДЕФИНИЦИИ
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
- ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- АВТОРСКИ ПРАВА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПССТВЕНОСТ
- ДЕФИНИЦИИ
Кога велиме „Давател на услуги“, „Ние“ или Адвокат Мустафа Хајрулахи, се однесува на Адвокат Мустафа Хајрулахи”, со е-маил адреса: advokathajrulahi@gmail.com, основано во согласност со законите на Република Северна Македонија.
Кога велиме „Општи услови“, „Услови на работење“, „Услови“ или „УП“ се однесува на Општите услови за работење на веб страната www.hajrulahilаw.mk, кои важат за секое користење на на услуги од истиот.
Кога велиме „Услуги„ се однесува на услуги кои се нудат и овозможуваат преку веб страната www.hajrulahilaw.mk.
Кога велиме „Корисник на услуги“ или „Вие“ се однесува на кое било физичко или правно лице кое користи услуга од Давателот на услуги преку веб страната www.hajrulahilаw.mk
Кога велиме „Корисник на веб-сајт“ се однесува на секое лице кое ќе пристапи до веб-страната www.hajrulahilаw.mk и истиот ќе го користи.
Кога велиме „Правилник за заштита на личните податоци“ или „Правилник“ се однесува на посебен акт во кој даваме информации за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци, обезбедени со цел користењето на веб страната.
Кога велиме „Договорни страни“ се однесува на на Корисникот на услуги и Давателот на услуги заедно.
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Условите важат во рамките на целокупното работење на веб страната www.hajrulahilаw.mk.
Овој веб-сајт www.hajrulahilаw.mk не се наменети за лица кои се помлади од 15 (петнаесет) години. и доколку се забележи злоупотреба со лажни податоци, апликацијата ќе се смета за несоодветна и ќе биде избришана.
Посебните услови (кои отстапуваат од Условите), особено условите поставени од страна на Корисникот на услуги, ќе бидат обврзувачки единствено доколку се посебно договорени и содржани во писмено склучениот Договор за продажба.
Давателот на услуги СЕ ИЗЗЕМА и НЕ ПРЕЗЕМА никаква и/или било каква материјална, морална и кривична одговорност од квалитетот, точноста, навременоста и очекуваниот резултат од овозможените услуги на Корисникот на услугите, како и одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од веб страната www.hajrulahilaw.mk.
- ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Адвокат Мустафа Хајрулахи ги обработува личните податоци на Корисникот на услуги во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ број 7/2005, 103/2008, 124/2008, 124/2010, 135/2011, 43/2014, 153/2015, 99/2016 и 64/2018) и останатите релевантни законски и подзаконски акти во Република Северна Македонија. За повеќе информации видете го Правилникот за заштита на личните податоци.
Одредени лични податоци на Корисникот на услугите, можат да бидат преземени и со употреба на „колачиња“. За повеќе информации за тоа, видете ја Политиката за „колачиња“.
- АВТОРСКИ ПРАВА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Оваа веб страна како и содржините во истата се во сопственост на Адвокат Мустафа Хајрулахи и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги и други права. Адвокат Мустафа Хајрулахи, има право да ги остварува правата кои произлегуваат од истите.
Забранета е употреба, репродукција, модифицирање, пренесување или зачувување на содржините на веб страната во каква било форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од Адвокат Мустафа Хајрулахи, освен ако истите се користат за лична употреба.